Романскиот шампион Динамо Букурешт договори уште едно засилување пред стартот на новата сезона во која ќе влезе со уште поголеми амбиции и бара вајлд-карта за Лигата на шампионите.
По Бранко Вујовиќ, Ханиел Лангаро, Јонут Јанку и тренерот Давид Дејвис, најново име на листата засилувања е хрватскиот кружен напаѓач Илија Брозовиќ, пишува „ГСП.
Брозовиќ е искусен ракометар, доаѓа од Хановер, а претходно беше дел од Загреб и Кил, а со неговото доаѓање станува јасно дека нова средина ќе си бара белорускиот пивот Вјачеслав Бокан.
Од клубот покрај тренерот Чави Пасквал, заминаа и голманот Саеид Хеидарирад, Хавиер Хумет и Лазар Кукиќ.
Некогашниот ас на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, има клаузула во договорот дека ако замине Пасквал, може да замине и тој, па Динамо Букурешт чека одговор од средниот бек дали ќе му придружи на Шпанецот во Веспрем или ќе остане во Букурешт.