Тиквеш доби вајлд-карта за ЕХФ Купот, ќе тргне од првата рунда

Тимот на Тиквеш од Кавадарци четврта сезона по ред ќе биде еден од македонските претставници на европска сцена.

По елиминациите од австрискиот Кремс, грчката Драма, турскиот Бешикташ, кавадарчани одново ќе се пробаат во ЕХФ Европскиот Куп.

Поради тоа што Тиквеш бараше вајлд-карта, ќе стартува уште од првото коло на ова натпреварување и тоа од вториот шешир.

Ждрепката за првото и второто коло ќе се одржи на 14 јули, а натпреварите од првата рунда се на програмата на 12/13 и 19/20 септември.

Кавадарчани за можни ривали имаат екипи од типот на Берн, Будва, ПАОК, Дубочица, Спор Тото…и пречки што може да се минат од типот на Омонија и Парнасос од Кипар, Еш од Луксембург, црногорската Сутјеска, литванската Свиеса, естонската Мистра…