Димитриевски испорача „деветка“ во мрежата на ривалот, Аликанте држи правец за Асобал

Тимот на Орнео Аликанте, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, ја продолжува битката за место во Асобал лигата.

Со голема заслуга на Димитриевски, Орнео Аликанте, одигра нерешено 29-29 на домашен терен со Барселона 2.

Македонскиот интернационалец беше најдобар стрелец во домашниот тим и успеа да постигне девет погодоци.

Орнео Аликанте е на лидерското место на табелата во Втората лига на Шпанија со 19 бодови, но исто толку имаат и Бургос и Сиудад Реал, а Синфин Сантандер е четврти со 18 бодови.

Борбата за единственото место што носи билет за Асобал лига ќе биде интересна до крајот, а следен предизвик за Димитриевски и неговиот тим ќе биде градскиот двобој со Агустинос Аликанте.