Димитриевски ефикасен, Аликанте осамен на врвот

Тимот на Орнео Аликанте, каде игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, запиша нова победа во Шпанија.

Аликанте на домашен терен беше подобар минимално од составот на Проин Триана со 28-27 во натпревар од 19 коло.

Димитриевски беше втор стрелец зад Џејмс Паркер кој имаше седум гола и успеа шест пати да погоди во гостинската мрежа.

Аликанте сега има 31 бод на лидерското место што води во Асобал лигата, додека втор останува Сиудад Реал со 30 бодови.