Џакмиќ во конкуренција за квалификациските дуели со Романија и Хрватска

Селекторот на женската репрезентација на БиХ, Аднан Башиќ, го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите против Романија и Хрватска во рамки од последните две кола од квалификациите за настап на Европското првенство 2024.

Со своите солидни партии во македонскиот шампионат, односно во екипата на Чаир, репрезентативен повик повторно доби кружниот напаѓач Амела Џакмиќ. 21-годишната ракометарка е меѓу деветте повикани интернационалки на поширокиот список.

БиХ на претходните четири квалификациски натпревари не успеа да освои ни бод и во последните две кола ќе се обиде да го поправи впечатокот и да се покаже во подобро светло против посилните репрезентации на Романија и Хрватска.

Босанската репрезентација за ривал го квалификациите ја имаше и Грција, ги загуби и двата натпревари, па така сосема очекувано е дека ќе заврши на последното место во квалификациската група.

Натпреварот меѓу БиХ и Романија ќе се одигра на 4 април во босанскиот град Цазин, додека дуелот со Хрватска е закажан за 7 април во Загреб.