Некогашниот европски шампион Хамбург се соочува со големи финансиски проблеми и му се заканува преселба во најнизок ранг во Германија, но и комплетно гаснење.
Хамбург остана без лиценца за настап во следната сезона во Бундес лигата, иако сезонава се наоѓа на средината на табелата.
Клубот доби дополнителен рок за да ги достави документите што беа потребни и гаранциите за финансиската состојба, но и покрај тоа не доби лиценца.
Според „Билд“, шампионот на Европа од 2013 година, е покус за четири милиони евра и би можел да се најде во четвртата лига во Германија, но се заканува и комплетен распад на клубот.
Ова е „дежа ви“ за Хамбург, на кој во 2016 година му се случи истото, но во 2021 се врати во елитната конкуренција во Германија.