Екипата на Кобержице, каде што игра Зорица Десподовска, обезбеди пласман на завршниот турнир од Купот на Полска.
Кобержице до пласманот меѓу најдобрите четири екипи стигна, откако во четвртфиналето славеше над Гњезно со 35:26.
Во полуфиналето, освен Кобержице, ќе играат уште екипите на Заглебје Љубин, Кошалин и Љубин.
Натпреварите од Ф4 турнирот во Полска ќе се играат во градот Калиш, кој од 3 до 5 мај ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи.