Деспина ја доби втората „контролка“ со Пелистер

Екипите на Деспина и Пелистер го одиграа својот втор пријателски меч пред почетокот на пролетниот дел од Женската лига.

Прилепчанки за нијанса беа подобри од Пелистер, триумфираа со 18:17, но и за двете екипи резултатот беше во втор план.

Двајцата тренери имаа можност да испробат тактички варијанти и разни комбинации, па така сите ракометарки имаа своја минутажа.

Пелистер регуларниот дел од сезоната го заврши на 8. позиција, додека Деспина на седмото место.

Прв ривал на Пелистер во вториот дел од сезоната ќе биде актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров.

Деспина во првото коло на свој терен ќе игра против Стружанка, која имаше солиден успех во есенскиот дел.