Hugo DESCAT and Sime IVIC (24), Zamalek Club vs Veszprém HC, 2024 IHF Men’s Club World Championship – Egypt, Cairo, Egypt, 29.09.2024., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Деска и Веспрем во љубов до 2027!

Унгарскиот гигант Веспрем, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во ЛШ, ја продолжи соработката со левото крило Уго Деска.

Францускиот репрезентативец во Веспрем настапува од ланската сезона, а во унгарскиот шампион пристигна од Монпелје.

Раководството на Веспрем и Деска се договорија соработката да биде продолжена на уште две сезони, до летото, 2027 година.

Искусното лево крило за Веспрем досега има одиграно 60 натпревари. 30-годишниот ракометар во минатата сезона во ЛШ постигна 50 гола.

Веспрем претходно ги продолжи договорите со Сергеј Косоротов и Микита Вајлупов, двајцата, исто како и Деска, се обврзаа на најмалку уште две сезони.