Десет години му беше асистент на Пастор во ПИК Сегед, сега се пресели во Асобал

Марко Кривокапиќ, некогашниот репрезентативец на Србија, а сега успешен стратег, ќе ја има втората работа како прв стратег, во шпанскиот Бенидорм.

Кривокапиќ по десет години кои ги мина како асистент на Хуан Карлос Пастор во унгарскиот ПИК Сегед лани се врати во Србија.

Сепак авантурата во Црвена Ѕвезда траеше кратко, па Кривокапиќ реши да ја прифати понудата на Бенидорм и да се пресели во Асобал лигата.

Тој своевремено играше долго време во Гранољерс, Арагон и Ваљадолид, па нема да му биде потребно време за адаптација во Шпанија.