Денеска ќе се одиграат пет натпревари од баражите за пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во две земји – Германија и Холандија.
Токму денеска, по натпреварот меѓу Израел и Исланд, ќе биде познат првиот патник од баражите на Мундијалот.
Овие две репрезентации првиот меч го одиграа вчера, а лесен триумф обезбеди островската селекција, која славеше со 39:27.
Интересно се очекува да биде и на натпреварите меѓу Хрватска и Шпанија, како и меѓу Чешка и Украина.
Распоред на денешните натпревари од бараж дуелите:
17:15 ЧЕШКА – УКРАИНА
17:30 ХРВАТСКА – ШПАНИЈА
18:00 АВСТРИЈА – ТУРЦИЈА
19:00 ШВЕДСКА – КОСОВО
21:00 ИЗРАЕЛ – ИСЛАНД