ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Бутел го комплетираат деветтото суперлигашко коло

Екипите на Вардар и Бутел Скопје денес ќе го комплетираат 9. коло во македонската елита.

Тимот на Владо Недановски е голем фаворит против Бутел Скопје, кој е во трка за пласман во плеј-оф фазата и на денешниот дуел против „црвено-црните“ ќе се обиде да се покаже во добро светло.

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје ќе се одигра со почеток од 19:30 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“. Влезот за сите љубител е слободен.

Низ Европа ќе се игра во Романија, Србија, Русија, Шпанија, Чешка, Норвешка, БиХ…

Свој настап на денешните натпревари ќе имаат и дел од македонските интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

10:15 АЛ НАЈМА – САН ФРАНЦИСКО (СУПЕР ГЛОУБ)

12:30 САН ФЕРНАНДО – ФУКСЕ (СУПЕР ГЛОУБ)

14:45 AЛ НУР – БАРСЕЛОНА (СУПЕР ГЛОУБ)

16:30 БРАИЛА – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)

17:00 РОСТОВ – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)

17:00 АЛ КАЛЕЈ – УНИВЕРЗИТЕТ КВИНСЛЕНД (СУПЕР ГЛОУБ)

17:30 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ЈАГОДИНА (СРБИЈА)

17:30 БРНО – НОВЕ ВЕСЕЛИ (ЧЕШКА)

17:30 РАПИД – БУЗАУ (РОМАНИЈА)

18:00 КАРВИНА – ПЛЗЕН (ЧЕШКА)

18:00 КОЛСТАД – БЕРГЕН (НОРВЕШКА)

18:00 ВОГОШЧА – КОЊУХ (БИХ)

19:00 ЕЛВЕРУМ – ДРАМЕН (НОРВЕШКА)

19:00 НЕКСЕ – ДУБРАВА (ХРВАТСКА)

19:00 ЈУГОВИЌ – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)

19:30 ВАРДАР – БУТЕЛ (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ВАЉАДОЛИД – БЕНИДОРМ (АСОБАЛ)

20:00 ЛА РИОХА – ПУЕНТЕ ХЕНИЛ (АСОБАЛ)

20:30 ТОРЕЛАВЕГА – НАВА (АСОБАЛ)

20:30 КУЕНКА – МОРАЗО (АСОБАЛ)

21:00 ХУЕСКА – АДЕМАР (АСОБАЛ)