ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар гостува на жешкиот терен во Автокоманда

Денеска ќе биде комплетирано првото коло од новата сезона во суперлигашкото друштво со натпревар во Автокоманда.

Актуелниот освојувач на Купот и на Супер Купот, ќе го пречека составот на Вардар, кој имаше доволно време за одмор и подготовка за нов дуел со „сино-белите“ по финалето на меморијалниот турнир во Охрид.

Владо Недановски во меѓувреме го доби и левиот бек Вуко Борозан, но дали и колку ќе може да игра црногорскиот интернационалец, останува да видиме.

Во Женската лига, денеска ќе се играат уште три средби. Во Скопје ќе гостува штипски Астибо, Чаир ќе ја пречека Стружанка, додека амбициозниот Металург Автокоманда гостува во Свети Николе кај Овче Поле Славјански Универзитет.

Денеска има и три меча од женската Лига на шампиони, ќе бидат комплетирани квалификациите од Лигата на Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 АЛКАЛОИД – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
17:00 СКОПЈЕ – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЧАИР – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЛАЈПЦИГ – ШТУТГАРТ (ГЕРМАНИЈА)
16:30 ПОТСДАМ – БИТИГХАЈМ (ГЕРМАНИЈА)
14:00 СТОРХАМАР – МЕЦ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:00 ОДЕНСЕ – ЛУДВИГСБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:00 РАПИД БУКУРЕШТ – БУДУЌНОСТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:30 ГУМЕРСБАХ – МОРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:00 ФЕРЕНЦВАРОШ – СИЛКЕБОРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:00 АДЕМАР ЛЕОН – БРАГА (ЛИГА НА ЕВРОПА)