На денешната програма во Македонија ќе има три дуели, два од нив се во рамките од претпоследното, 13. коло во суперлигашкиот плеј-оф.
Составот на Струга пред својата публика ќе го пречека актуелниот бранител на титулата Еурофарм Пелистер.
Битолчани се големи фаворити во дуелот против младиот состав предводен од Наум Танески и се очекува лесно да дојдат до трите бодови.
Тиквеш, кој оваа сезона не успеа повторно да обезбеди пласман на европска сцена, ќе биде домаќин на незгодниот Пролет.
Сегашниот прволигаш, а од следната сезона нов суперлигаш – Бисинов во 13. коло од плеј-оф фазата од Првата лига ќе ги одмери силите со Младост Богданци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
16:00 БУЗАУ – ЧСМ (РОМАНИЈА)
18:00 ЗАГРЕБ – НЕКСЕ (ХРВАТСКА)
19:00 МАГДЕБУРГ – БАЛИНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 БИСИНОВ – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 БРИКСЕН – КОНВЕРЗАНО (ИТАЛИЈА)
20:00 ПРЕСАНО – ТРСТ (ИТАЛИЈА)
20:00 ИВРИ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)