ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Продолжува новото суперлигашко коло – вицепрвакот игра со Скопје

Со денешниот дуел меѓу Алкалоид и Скопје ќе продолжи 8. коло во суперлигашката конкуренција.

Тимот на Кире Лазаров е голем фаворит во дуелот со Скопје, кој во досегашниот тек од сезоната успеа да освои само само бод.

Вицепрвакот во вторник го очекува соочување со Ла Риоха во Лигата на Европа, па така дуелот со Скопје ќе биде проверка на силите пред заминувањето во Шпанија.

Во Женската лига ќе се игра дуел во Штип од 18:00 часот меѓу Астибо и Куманово.

Свој настап денес ќе има и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Битолчанецот со тимот на Вецлар ќе му гостуваат на повратникот во Бундес лигата, тимот на Балинген.

Вецлар се наоѓа во опасната зона за испаѓање од најквалитетната лига на светот, по осум одиграни натпревари има само четири бода.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 БИСТРИЦА – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)

18:00 ГРАДЕЦ – РИБНИЦА (СЛОВЕНИЈА)

18:00 МАГЛАЈ – ТУЗЛА (БИХ)

18:00 ЕЛВЕРУМ – КРИСТИЈАНШТАД (НОРВЕШКА)

18:00 ПРОЛЕТЕР – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)

18:00 АСТИБО – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)

19:00 АЛКАЛОИД – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)

19:00 БАЛИНГЕН – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)

19:00 ХАНОВЕР – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)

19:00 ЛИМОЖ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

19:00 АМО – ГУИФ (ШВЕДСКА)

20:00 ДАНКЕРК – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)

20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – ДИЖОН (ФРАНЦИЈА)

20:00 ЛОВЌЕН – НИКШИЌ (ЦРНА ГОРА)

20:30 КУЕНКА – АДЕМАР ЛЕОН (АСОБАЛ)

21:30 ИБВ – ФРАМ (ИСЛАНД)

22:30 ВИТОРИЈА – СПОРТИНГ (ПОРТУГАЛИЈА)