ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се игра последното суперлигашко коло во 2024

Денеска ќе се игра последното коло за оваа година во Супер лигата и на денешните шест натпревари не требало да има поголеми возбудувања, се очекува фаворитите да ја оправдаат својата улога.

Тиквеш ќе гостува во Автокоманда, додека интересно се очекува да биде на натпреварот меѓу дебитантот Бисинов и Куманово. Тимот од Велес со ремито во претходното коло против Пролет покажа дека посакува прогрес за подобар пласман.

Радовиш ќе биде домаќин во Прилеп и на овој натпревар избраниците на Божидар Мојсов не би требало да имаат поголеми проблеми за да дојдат до посакуваните два бода. Вардар против Бутел ќе бара рехабилитација за поразот од пелистерци, кои ќе гостуваат во Скопје кај Пролет.

Во езерското дерби ќе се сретнат Охрид и Струга. Охриѓани против Струга ќе атакуваат на 12-ти сезонски триумф. Младите ракометари на Струга на денешниот натпревар ќе се обидат да се покажат во добро светло и да парираат колку што можат.

Разигрувањето за титулата во Женската лига започнува токму денес, а најдобрите шест екипи ќе се сретнат по четири пати меѓусебе.

Плеј-оф фазата ќе биде отворена со натпреварот меѓу двата поранешни шампиони –  Вардар и Куманово, кои првото сезонско соочување ќе го имаат со почеток од 17:30 часот. Останатите два натпревари од првото коло ќе бидат одиграни во текот на утрешниот ден.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ (СУПЕР ЛИГА)
17:00 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ (СУПЕР ЛИГА)
17:30 ОХРИД – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)
17:30 ВАРДАР – КУМАНОВО (ЖЕНСКА ЛИГА)
18:30 ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР ЛИГА)
19:00 КУМАНОВО – БИСИНОВ (СУПЕР ЛИГА)
19:30 РАДОВИШ – ПРИЛЕП (СУПЕР ЛИГА)