ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци во Норвешка ќе се збогуваат со настапот во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат последниот сезонски натпревар во европската елита.

Пелистерци во последното, 14. коло од групната фаза во Лигата на шампионите за ривал го имаат тимот на Колстад.

За двете екипи овој натпревар нема да има никакво резултатско значење, но битолчани ќе се обидат со победа да се збогуваат од ЛШ.

На првиот натпревар, кој беше одигран во Битола, норвешкиот шампион триумфираше со девет гола разлика, 31:22.

На денешната програма ќе се одиграат сите дуели од групата А, во која екипите на Кил и Алборг обезбедија директен пласман во четвртфиналето.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 Кил – Загреб

18:45 Колстад – Еурофарм Пелистер

20:45 Алборг – Келце

20:45 ПСЖ – ПИК Сегед