ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите почнуваат со тестовите пред ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија за време на ЕХФ неделата на двапати ќе тестира против Црна Гора.

Избраниците на Наум Танески првата „контролка“ против нивните врсниците од Црна Гора ќе ја одиграат денес, додека вториот тест меч во текот на утрешниот ден.

Кадетите на Македонија двата натпревари, кои ќе бидат проверка на формата на секој повикан ракометар, ќе ги одиграат во Подгорица.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на кадетскиот континентален собир, кој ќе се одржи претстојното лето во црногорската престолнина.

Кадетите на Македонија на Европското првенство ќе играат во група со Германија, Франција и Полска.

Денешниот дуел меѓу Црна Гора и Македонија ќе се одигра со почеток од 18:30 часот.

На денешната програма ќе има шест дуели во рамки од првото коло од олимписките квалификации.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:30 Шпанија – Бахреин (Квалификации за ОИ)

21:00 Словенија – Бразил (Квалификации за ОИ)

17:45 Германија – Алжир (Квалификации за ОИ)

20:15 Хрватска – Австрија (Квалификации за ОИ)

18:30 Норвешка – Португалија (Квалификации за ОИ)

21:00 Унгарија – Тунис (Квалификации за ОИ)

18:30 Црна Гора – Македонија (пријателски натпревар)