Дејан Гошевски има нов клуб во Хрватска

Македонскиот десен бек Дејан Гошевски откако го раскина договорот со Метковиќ Механика има нов клуб во Хрватска.

Тој ќе ја продолжи кариерата во прволигашот Водице, каде ќе остане најмалку до крајот на оваа сезона.

Гошевски своевремено ги мина сите млади категории во составот на Металург, а беше дел од пионерската и кадетската репрезентација на Македонија.

Настапуваше за составите на Охрид, Тиквеш и Голден Арт во нашата држава, а 25-годишниот десен бек ова лето за првпат се проба надвор од границите.

Покрај играчката кариера, Гошевски во Водице ќе биде вклучен и во работата со младите категории.