Дабевска ги пропушта дуелите со силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија на 29 февруари ќе го одигра третиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2024.

Трет ривал на избраничките на Кристијан Грчевски ќе биде репрезентацијата на Шпанија, која заедно со „црвено-жолто“ се практично пласирани на континенталниот собир.

На двата дуели со Шпанија нема да настапи интернационалката Сања Дабевска. Кружниот напаѓач поради повреда нема да може да им помогне на своите колешки против „црвената фурија“.

Првиот меч со Шпанија е на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот, додека реваншот е на 3 март во Ланцароте од 17:00 часот.

Македонија во првото коло од квалификациите славеше над Азербејџан, додека во второто триумфираше над незгодната Литванија.