Еден од најдобрите клубови во Франција во женска конкуренција, тимот на Нант, преживува тешки моменти, откако главниот акционер на клубот, групацијата за недвижнини ,,Réalités” најави продажба на својот дел од акциите.
Од споменатата групација најавија дека учеството на Нант за следната натпреварувачка сезона во француската елита е загарантирано односно целосниот буџет за натпреварување на домашна и меѓународна сцена е веќе обезбеден.
Нант во последните сезони се обидува да биде поконкурентен во францускиот шампионат, изминатата сезона заврши зад водечката двојка Мец и Брест Бретањ, а имаше успешен настап и во Европа.
Ракометарките на Нант стигнаа до Ф4 во Лигата на Европа и настапот во второто по ранг европско клупско натпреварување го завршија на третото место. Во сезона 2020/21 ја освоија и титулата во ЛЕ.