Циндриќ откри зошто ја прифатил понудата на Динамо Букурешт

Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ од Огулин, Сењ и Карловац преку Металург, Вардар и Келце, стигна до големата Барселона.

Таму мина четири сезони, но ова лето мораше да си замине од каталонскиот гигант и се пресели во романскиот првак Динамо Букурешт. Тој вели дека една од главните причини за трансферот е тренерот Чави Пасквал, иако имаше понуди од Нант, Мелсунген и многу други клубови низ Европа.

„Имам само убави спомени од Барселона и многу постигнавме заедно. Една од главните причини што дојдов во Букурешт е тренерот Чави Пасквал. Сигурен сум дека можеме заедно со големи работи. Уживам овде. Нашиот тим има голем потенцијал, а Лигата на Европа е посилна секоја година, каде што има тимови што може да играат и во Лигата на шампионите. Нашата цел е да ги освоиме сите титули во Романија, а во ЛЕ сакаме место на Ф4, но нема да биде лесно, бидејќи немаме лесен ривал во групата. Сите имаат свои квалитети, но Фуксе Берлин мислам дека е фаворитот во нашата група“, вели Циндриќ.

Покрај Фуксе Берлин, Динамо Букурешт во групната фаза на ЛЕ ќе игра и со босанскиот Извиѓач и францускиот Шамбери.