Целје без освоен бод ја заврши сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Целје не успеаја со победа да се збогуваат со настапот во Лигата на шампионите, откако на свој терен беа поразени од данскиот првак ГОГ Гудме со 34:30 (15:15).

Во победничката екипа се истакнаа тројца ракометари, левиот бек Арон Менсинг, кој десет пати се запиша во листата на стрелци, потоа Емил Мадсен додаде девет реализации, a Андерс Захариасен беше стрелец на осум погодоци.

Одлична партија имаше голманот Тобијас Тулин со 19 интервенции, додека во таборот на Целје најефикасен беше Митја Јанц со осум погодоци.

За ГОГ Гудме овој натпревар немаше резултатско значење, бидејќи од поодамна данскиот тим имаше резервирано место во осминафиналето. Целје ги загуби сите 14 меча во ЛШ.

Избраниците на Алем Тоскиќ освен со ГОГ Гудме беа во група и со екипите на Порто, Висла Плоцк, Веспрем, Магдебург, Барселона и Монпелје.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107