Тимот на Грифк, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, ја продолжува победничката серија во финскиот шампионат.
Грифк предводен од средниот бек славеше против поранешниот тим на Чурлевски, СИФ, со 27-24.
Македонецот беше меѓу најдобрите на теренот и успеа девет пати да ја затресе мрежата на СИФ.
Грифк сега има четири победа и еден пораз, и се наоѓа на делба на првото место заедно со екипите на Кокс и БК-46.