Чирковиќ и наредната сезона ќе го води Партизан

Српскиот стратег Ѓорѓе Чирковиќ и во наредната сезона ќе го предводи амбициозниот Партизан, откако потпиша нов договор.

„Црно-белите“ од Белград задоволни од досегашната соработка, му понудија нова на Чирковиќ и тој ќе остане на кормилото најмалку до 2026 година.

Оваа сезона Партизан освои трофеј во Супер Купот, регуларниот дел од првенството во Србија го заврши со 22 победи на 22 меча.

Покрај тоа се пласира во финалето на Купот на Србија, а на меѓународна сцена стигна до четвртфиналето на Европскиот Куп.

Сето ова беше доволна препорака за раководството да му понуди нов договор на некогашниот стратег Еурофарм Пелистер.