Младинците по втора победа на ЕП – Турција е следен предизвик

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го стартува разигрувањето за пласман од 17 до 24 место.

Од 13:30 часот, избраниците на Игор Илиевски ќе се соочат со Турција, која имаше еден одличен резултат во групната фаза и ја совлада Србија.

Ако слави, Македонија оди во битка за пласман од 17 до 20 место против победникот од дуелот меѓу Полска и Босна и Херцеговина.

Во случај на неуспех, нашите ракометари ќе играат со поразениот од претходниот двобој во битка за пласман од 21 до 24 место.

Македонија веќе го има обезбедено својот пласман на Мундијалот како домаќин, без разлика на освоената позиција на ова ЕП.