Четврти сезонски дуел на титаните – Пелистерци пред полни трибини го чекаат Вардар

Денеска ќе стартува можеби најнеизвесниот плеј-оф во последните неколку сезони и сигурно до крајот од сезоната ќе има голема неизвесност за шампионската титула. Ждрепката сакаше повторно и во разигрувањето за титулата на самиот почеток да се сретнат Еурофарм Пелистер и Вардар.

Двете екипи двапати ги одмерија силите во регуларниот дел од сезоната, на првиот дуел триумфираа „црвено-црните“ со 30:25, додека на вториот подобри беа пелистерци со 29:25.

Исто така, пред почетокот на сезоната, најголемите ривали се бореа за Супер куп трофејот во Струмица. Тогаш во салата „Парк“ Вардар ја доби битката против Еурофарм Пелистер и го освои Куп трофејот, откако триумфираше со 30:26.

Сепак, двата табори направија неколку промени во однос на ростерот од есенскиот дел, битолчани имаат поголеми корекции, па така денес не очекува интересен дуел, во кој ќе има многу надигрувања.

Битолскиот тим го ангажираше екс ракометарот на Вардар, Дејан Манасков и повремениот репрезентативец на Полска, Матеуш Пиеховски. По завршувањето на првиот дел од сезоната шампионот им се заблагодари на Дарко Стевановиќ, Каспер Кисум, Вилсон Давајес и Андреас Нилсен.

Вардар за време на трансфер пазарот во месец јануари се засили со двајца интернационалци, Тунижанецот Мохамед Тарик Бакар и Србинот Немања Гојковиќ, како и со довчерашниот голман на Аеродром, Марко Богдановски. Од таборот на Вардар замина единствено пивотменот Стефан Атанасовски, кој ги засили редовите на Куманово.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во спортската сала ,,Боро Чурчевски”. Билети за дербито веќе нема одамна и избраниците на Бранко Ангеловски ќе имаат голема поддршка од трибините.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090