Чаневски и Макаби Ришон се пласираа во финале, ќе ја бранат титулата во Израел!

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, обезбеди место во финалето на плеј-офот во Израел.

Макаби Ришон славеше во мајсторката против градскиот ривал Хапоел Ришон (Прибак, Матиќ, Астрашапкин) со 35-33.

Македонскиот чувар на мрежата имаше свој придонес и со девет одбранети удари на противниците учествуваше во големата победа.

Сега Чаневски и Макаби Ришон Ле Зион ги очекува голем предизвик во финалната серија против Рамат Хашарон.