Чаир се засили со десен бек од актуелниот шампион

Амбициозниот тим на Чаир ќе биде посилен со довчерашната ракометарка на Ѓорче Петров, Ангела Костовиќ.

21-годишната ракометарка на почетокот на тековната сезона од Овче Поле СУ ги засили редовите на „лавиците“, но не се избори за голема минутажа.

Костовиќ потекнува од школата на „црвено-црните“ и беше дел од сите големи успеси со пионерската, кадетската и младинската екипа на Вардар.

Десниот бек во минатото коло, против тимот на Пелистер, го имаше деби настапот за Чаир и покажа дека ќе биде квалитетно засилување.

Чаир по 15 одиграни кола се наоѓа на 2. позиција во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија, на свое конто има 40 бодови.