Бутел Скопје со победа над Куманово ги заврши подготовките за плеј-офот!

Тимот на Бутел Скопје забележа победа со 29-26 против екипата на Куманово во последниот пријателски натпревар во подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Избраниците на Горан Кузманоски водеа и на паузата со 17-13, додека во вторите 30 минути се играше во егал.

Ракометарите на Бутел Скопје претходно ги совладаа ПАОК Солун, Килкис и Прилеп, а загубија од тимот од Солун.

Бутел Скопје во вториот дел од тековната сезона ќе разигрува за титулата, додека Куманово, кој осетно се засили со квалитетни играчи, ќе игра во плеј-аутот.