Бутел Скопје во битка за титула кај младинците, на Ф4 се пласираше и Еурофарм Пелистер

Комплетирана е листата на учесници на завршниот турнир во машката младинска лига и познато е кои екипи ќе се борат за титулата. Покрај двете екипи од Автокоманда, во конкуренција останаа и Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.

Бутелци загубија на гостински терен во Битола од Еурофарм Пелистер 2 со 36-30, но таа победа не беше доволна за домашните да се надеваат на Ф4. Избраниците на Стефан Стојановски и Александар Стојаноски продолжуваат во борбата за титулата, а Бутел Скопје уште еднаш докажа дека одлично се работи со младинските категории, откако пред две сезони кадетите на овој клуб стигнаа до титулата.

Уште еден тим кој одлично работи со младинските категории е Еурофарм Пелистер, кој има дури шест свои тимови во сите категории. Младинците на битолчани два пати го победија Пролет и со вкупни 81-59 се пласираа на завршниот турнир. Дел од избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски, ќе бидат дел од Ф4 во Лигата на шампионите, па овие дуели на македонскиот Ф4 ќе им бидат добра подготовка за големиот предизвик.

Завршниот турнир е на програмата на 17/18 мај, а двојките, саатниците и местото на одигрување ќе бидат дополнително познати.

Младинци, четвртфинале, реванш натпревари, резултати:

Еурофарм Пелистер – Пролет 31-30 (50-29)
Алкалоид – Вардар 32-30 (26-23)
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 36-30 (27-38)
Мулти Есенс – Скопје 39-29 (50-26)