Бундеслигаш во финансиски проблеми – позајмувал пари од милионер!

|
20:04

Бундеслигашот Лајпциг, клуб кој секогаш им правел проблеми на посилните тимови во најсилната лига на светот, има финансиски проблеми, пишува „Билд“.

Според споменатиот медиум, во мај оваа година Лајпциг бил принуден да позајмувa пари од милионер за да може нормално да функционира.

Како што се пишува во медиумот, Лајпциг побарал пари на позајмица од Мајкл Келмел, основачот на кинематографијата Киновелт.

Во документите што ги поседува „Билд“ стои дека долгот мора да биде отплатен до крајот на август следната година.

Лајпциг по десет одиграни кола во Бундес лигата се наоѓа на 10. позиција со десет освоени бода.

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без „пола“ тим на Исланд, европско деби за Богдановски и Пинто

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
13:13

Европската ракометна федерација ги објави составите на екипите на Валур и Вардар за пресметката од петтото коло во Лигата на Европа.

Македонскиот тим е значително ослабен на ова тешко гостување и ќе биде без кружниот напаѓач Милан Лазаревски, голманот Мигел Еспиња, левиот бек Вуко Борозан…кои досега беа стандарни првотимци.

Тие се повредени, а дополнително ќе биде познато колкава ќе биде нивната пауза од ракометните терени.

Во составот не се десното крило Ален Ќосевски, левиот бек Томче Стојановски, левото крило Марио Стојановски, како и десниот бек Кристијан Стаменковиќ. Деби во „црвено-црниот“ состав треба да имаат голманот Марко Богдановски и десното крило Мигел Пинто.

Натпреварот меѓу Валур и Вардар се игра вечерва од 20:45 часот.

Бура заминува од Охрид – му направи место на Внициус од Куманово

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
20:15

Охрид преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека е прекината соработката со хрватскиот интернационалец Луцијан Бура.

Десниот бек, кој во тимот на Стевче Алушовски дојде како големо засилување за оваа сезона, не ги исполни очекувањата на раководството на клубот.

Негова замена ќе биде Бразилецот Чаио Винициус Де Соуза Мораис. Како што најави 24 Ракомет, Внициус во Охрид ќе замине после декември.

Бекот на Куманово е „прв бомбардер“ и речиси секогаш има двоцифрен број голови зад своето име.

Куманово го продаде најдобриот играч

Чаир против чешки тим ќе брка историја во Европа

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
11:06

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп.

Тимот на Чаир, кој остана единствен претставник од Македонија, во борба за четвртфинале ќе се соочи со чешкиот тим Славија Прага.

Славија Прага е тимот каде што игра македонската интернационалка Ангела Јанкуловска, а во претходната рунда го мина италијанскиот Салерно со два меча одиграни на гостински терен.

Во првото коло, чешкиот тим беше подобар од словенечкиот тим Млинотест Ајдовшчина, а пред ждрепката беше рангиран во оние тимови „ни добра, ни лоша“ ждрепка, па Чаир може да се надева на прогрес.

Првиот натпревар треба да се игра на 11/12 јануари во Прага, додека реваншот е на 18/19 јануари во Скопје.

Eвропски Куп, осминафинале:

Јонијас – Јуро Унирек
Славија Прага – Чаир
Галичанка – Хаукар
Ацгерсдорф – Порињо
Малага – Валур
Мадеира – Кинжварт
ПАОК – Јувента Михаловце
Гњиезно – Ваљадолид

Мандиќ со „сто раце“ – Магдебург на колена во Загреб

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
20:26

Екипата на Загреб пред своите навивачи успеа да го победи Магдеург, славеше со 22:19, а победничко деби на клупата на најтрофејниот хрватски клуб имаше искусниот стратег Велимир Петковиќ, кој тренерската палка ја презеде од Андрија Николиќ.

Хрватскиот шампион со овие два бода се врати во игра за 6. позиција на табелата, односно за пласман во осминафиналето во европската елита. Тимот предводен од Петковиќ во следното 9. коло ќе биде домаќин на францускиот Нант, кој утре игра против Барселона.

Загреб на крилата на голманот Мандиќ имаше фуриозен налет против екс освојувачот на Лигата на шампионите и во воведните десет минути имаше предност од плус пет, 6:1. Бундеслигашот одвреме – навреме доаѓаше до реализација и за дваесетина минути игра имаше постигнато само четири гола.

Домаќинот имаше беспрекорен напад и цврста одбрана, знаеше како да дојде до реализација, многу лесно ја пробиваше одбраната на гостите и во 15 минута дојде до предност од 8:4. Предноста на Загреб во 20 минута беше 10:4, а пет минути подоцна тимот на Петковиќ имаше 11:6. По 30 минута игра резултатот беше во корист 13:7 за домашниот табор. Голманот на Загреб, Матеј Мандиќ, првото полувреме го заврши со неверојатни 14 интервенции од 20 удари, поголемиот дел од нив беа од дуел еден со еден.

Магдебург на стартот на вториот дел се закани намалувајќи на 13:11 и во тој момент беше јасно дека домаќините ќе мора да се консолидираат за да ја задржат предноста. Следуваше период, во кој домаќинот врза два гола во низа, двата беа дело на Главаш, и во 42 минута предноста на Загреб беше плус три, 15:11. До крајот на натпреварот гостите се обидуваа да направат камбек и да се изборат за барем бод, но домашниот тим не дозволи драма.

Најефикасен во победничката екипа беше Лука Ловре Кларица со седум гола, голманот Мандиќ беше фантастичен меѓу стативите и натпреварот го заврши со 20 интервенции.

Алборг и Колстад одиграа интересен натпревар, а на победа се радуваа домаќините, триумфираа со два гола разлика, 30:28. Двете екипи имаа свои моменти, на полувреме беше 14:13 за гостите, a данскиот шампион победата ја обезбеди со поголемата фокусираност во клучните моменти.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Јул Бустер со седум гола, кај Колстад се истакна Магнус Сондена со гол повеќе – 8

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА651011
2НАНТ74129
3АЛБОРГ84139
4ПИК СЕГЕД74038
5КЕЛЦЕ73046
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064

Келце го доби Влах, сега го бара и Кларица од Загреб

Автор: Душко Андов
| 18 ноември 2024
13:59

Полскиот вицепрвак Келце од 2026 година ќе го има на располагање словенечкиот среден бек Алекс Влах.

Според „Handball Basse“, Влах веќе го ставил потписот на договорот со Келце, а ќе се направат обиди трансферот да се случи следното лето, кога во Алборг ќе дојде Јури Кнор.

Покрај Влах, Келце се интересира за средниот бек на Веспрем, Аугустин Касадо, како и за десниот бек на Загреб, Лука Ловре Кларица.

Кларица има договор до 2026 година со хрватскиот првак, кој нема да биде продолжен и ќе се пресели во тимот на Талант Душебаев, кој од идното лето ќе ги врати во своите редови и Халил Јагањац од Рајн Некар Левен и Фарук Јусуф од Лимож.