Левото крило на екипата на Прилеп, Димитар Димитриоски, е најдобриот стрелец во Супер машката лига за оваа сезона. Прилепчанецот успеа да постигне дури 212 погодоци на 32 натпревари – 22 во регуларниот дел од сезоната и десет во суперлигашкиот плеј-аут.
Тој погоди 212 пати од 267 со висок процент на реализација од дури 79%, 23 пати повеќе од второпласираниот на листата, Наум Костов од Струга, кој даде 189 гола. На третото место е левиот бек Азиз Бен Махфуд од Еурофарм Пелистер 2 со 179 погодоци на 30 одиграни меча.
Димитриоски по камбекот од Асобал лигата и искуството од Ваљадолид покажа е дека меѓу најдобрите ракометари во домашниот шампионат. Беше лидер на најголем број на средбите на Прилеп, погодуваше во одлучувачки моменти и му помогна на тимот кога најмногу требаше.
Прилепчани за наредната сезона влегуваат со амбиции за плеј-оф, а за таа цел првиот потег беше задржување на најдобриот ракометар на најмалку уште една сезона. Димитриоски беше во најтесна конкуренција за место во Ол Стар тимот на сезоната на 24Ракомет.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























