Бркотницата во Прилеп со среќен крај за домаќините

Екипата на Прилеп им се врати на победите во суперлигашката конкуренција, на свој терен славеше над Струга со 24:23 во натпревар од 20. коло. Прилепчани со двата бода ја презедоа 7. позиција на табелата, но и двете екипи по завршувањето на регуларниот дел ќе играат во плеј-аут фазата.

Прилеп до крајот од регуларниот дел треба да гостува во Велес кај дебитантот Борец ФЛ и да одигра на домашен терен против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, па така прилепчани ќе се обидат да освојат уште два бода.

Иако домаќините одлично го стартуваа натпреварот, сепак, младите ракометари на Струга не се предаваа и кон средината на првиот дел успеаја да израмнат на 6:6. Откако гостите се вратија во игра, тренерот Мојсов мораше да повика минута одмор, а по тајм-аутот Прилеп ја подобри играта, започна да води со 2-3 разлика и на пауза замина со резултатска предност од 14:12.

Во вторите 30 минути имаше бркотница на теренот и најчесто резултатот беше нерешен. Двете екипи направија безброј технички грешки, во еден момент Струга ја презеде предноста, на трипати водеше со плус еден, но домаќините не дозволија да бидат ,,шокирани” од младиот гостински тим.

Божидар Илиески на минути пред крајот им ја донесе победата на домаќините, а стружани не реализираа во последниот напад за реми.

Најефикасни во победничката екипа беа Денис Шабановиќ и Томислав Квастек, двајцата постигнаа по пет погодоци, додека кај Струга прво име беше искусниот Александар Стојков со десет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186