СП 2023: Норвешки нокаут за Гренланд, фуријата го „оддува“ Казахстан

Актуелниот бранител на титулата на Светското првенство 2023, репрезентацијата на Норвешка, која е еден од организаторите на Мундијалот, во рамки од првото коло од групната фаза забележа убедлива победа против Гренланд со 43:11.

Гренланд, кој е аутсајдер во групата Ц, во текот на целиот натпревар се трудеше да се претстави во добро светло, но Норвешка не се опушти ни за момент и рутински ги одигра двете полувремиња.

Норвежанките за следен ривал ја имаат Австрија и со евентуална победа веќе ќе го заверат пласманот во следната фаза на Мундијалот.

Репрезентацијата на Шпанија во натпревар од групата Г одигра според очекуваното со Казахстан и дојде до убедлива победа, изразена со 17 гола разлика, 34:17.

Шпанија во рамки од 2. коло за ривал ја има репрезентацијата на Украина, која денес беше поразена од Бразил со 35:20.

СП 2023: Австрија во последната секунда ја расплака Кореја, Бразил рутински со Украина