Репрезентативката на Чешка, Сабрина Новотина, која имаше забележителен настап на Европското првенство 2024, потпиша договор со познат клуб.
24-годишната голманка од следната сезона ќе настапува во еден од најквалитетните европски клубови – Мец.
Новотина и раководството на францускиот клуб се договорија на соработка, која ќе биде со важност до летото, 2027 година.
За Новотина преселбата во Мец ќе биде првиот интернационален предизвик, во досегашниот тек од кариерата настапуваше само во својата татковина.