Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето во Европскиот Куп.
Во женскиот Европски Куп, ЕХФ делегираше една македонска двојка за првиот четвртфинален меч меѓу чешката Хазена Кинзварт и исландскиот Хаукар.
Станува збор за Методија и Михајло Илиевски, кои ќе го судат мечот што ќе се игра претстојниот викенд во Чешка.
Натпреварот на кој делегат е Гркот Сиску, е закажан за 15 февруари во „Продукт Арена“ во градот Чеб, со почеток во 16:00 часот.