Божиновски и Начевски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првото коло од главната рунда во Лигата на Европа.

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе судат на еден од најинтересните натпревари.

Станува збор за средбата меѓу германскиот Хановер и францускиот Нант, што ќе го реши веројатно првото место во групата А.

Овој натпревар на кој делегат е Несер од Луксембург, ќе се игра на 13 февруари со почеток во 18:45 часот.