Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе имаат голем предизвик на претстојниот натпревар од ЕХФ Евро Купот.
ЕХФ ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2026, како и од Евро Купот, а меѓу нив се и Божиновски и Начевски.
Тие ќе го судат мечот меѓу последните два европски шампиони Шведска (ЕП 2022) и Франција (ЕП 2024).
Овој натпревар е закажан за 7 мај со почеток од 19:00 часот во „Скандинавиум Арена“ во Гетеборг, а делегат е Макинен од Шведска.