Божиновски и Начевски главни на финалето на женскиот Арапски шампионат!

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски денеска ќе го судат финалето на Арапскиот клупски шампионат во женска конкуренција.

Во борбата за златото на ова натпреварување ќе се борат шампионите на Алжир, Ал Абжар и на Тунис, Клуб Африкан.

Ова натпреварување се одржува(ше) во тунискиот град Махдиа од 16 ноември, а денеска ќе го има завршниот ден, а ИХФ ги делегира официјалните лица.

Божиновски и Начевски минатата година добија ИХФ значка, а ова е нова номинација што ја добиваат од светската куќа на ракометот.

Двајцата Македонци лани судеа на кадетското женско СП во Македонија, потоа на ИХФ трофејот за земји во развој, како и на младинското машко СП.