Некогашниот ас на Вардар, Вуко Борозан беше меѓу најзаслужните со шест гола за триумфот над Србија со 30-29.
Левиот бек по долго време се врати во националниот тим и беше од голема корист во тимот предводен од Владо Шола, иако Црна Гора не се пласираше во главната рунда.
„Пред се, сакам да ги поздравам хејтерите. Нека продолжат да ме плукаат, јас ќе бидам уште посилен. Поздрав и за господинот Перо Милошевиќ. Должен бев ова да го кажам“, изјави Борозан.
Некогашниот стратег на Вардар, Перо Милошевиќ, во моментов е дел од црногорскиот првак Ловќен, од каде што Борозан доби отказ. Тие двајцата имаа нерасчистени сметки од дуелот во Лигата на Европа меѓу Ловќен и Фленсбург.