Боризовска и ПАОК ја добија мајсторката со Пилаја, ќе се борат за титула во Грција

Тимот на ПАОК Солун, каде што игра македонската репрезентативка Александра Боризовска, обезбеди место во финалето на грчкиот шампионат.

ПАОК славеше во третиот натпревар од полуфиналната серија против составот на Пилаја со 26-19 и се пласираше во битката за титула.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога тимот на Боризовска водеше со 13-9, а во вториот дел го контролираше резултатот.

Ривал на ПАОК Солун и Боризовска во финалната серија која се игра до три победи ќе играат против составот на Јонијас.