Борец ФЛ се поднови со црногорски голман

Тимот на Борец ФЛ пред стартот на битките за опстанок во суперлигашкото друштво донесе уште еден интернационалец.

Станува збор за црногорскиот чувар на мрежата, Милош Милачиќ, кој доаѓа од босанскиот тим Херцеговина.

Милачиќ има 22 години, потекнува од тимот на Перпер, а покрај тоа има настапувано и за Будванска Ривиера во татковината, унгарскиот Печ и во словенечкиот Марибор.

Борец ФЛ претходно се засили со средните бекови Петров и Миланов, левиот бек Цвитановиќ, како и десните бекови Гуедеш и Павлов.

Велешкиот тим ќе се обиде во преостанатите шест кола од регуларниот дел од сезоната да собере што повеќе бодови и да стигне до подобра стартна позиција во плеј-аутот.