Блесок на Талески – го наполни голот на Виторија, Бенфика со трет триумф во серија!

Македонскиот репрезентативец Филип Талески го одигра најдобриот натпревар во дресот на Бенфика во новата сезона.

Талески беше најдобар стрелец во триумфот на Бенфика на гостински терен кај Виторија со 35-19.

Македонскиот лев бек постигна седум погодоци и го водеше тимот од Лисабон до трета победа во серија во португалскиот шампионат.

Бенфика има вкупно 4 победи, едно реми и еден пораз, пред македонскиот двобој следниот викенд и гостувањето кај Порто на Никола Митревски.