Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, ја продолжи победничката серија во сите конкуренции.
Предводена од левиот бек, лисабонската екипа покажа моќ и славеше на гостински терен кај Белененсес со 35-26 во натпреварот од 10 коло во португалскиот шампионат.
Талески беше најдобар стрелец во победничкиот состав и успеа седум пати да ја погоди противничката мрежа.
Сега Бенфика е на третото место на табелата со 26 бода, додека на првите две позиции со максимален биланс се Спортинг и Порто со по 30 бодови.
Следен предизвик за Бенфика и Талески ќе биде дуелот со Татран Прешов во Лигата на Европа, додека во домашното првенство ќе го пречека Брага.