Бисинов и натаму без грешка – со девет од девет кон плеј-оф

Амбициозниот првлигаш со суперлигашки амбиции Бисинов од Велес, и натаму ја продолжува победничката серија во Првата лига.

Велешани на домашен терен го забележаа и деветтиот триумф на деветтиот меч, откако славеа над Овче Поле со 44-31.

Домаќините имаа плус девет во првиот дел, 21-12, но гостите од Свети Николе врзаа два гола до паузата, 21-14.

Второто полувреме беше само формалност, се играше без одбрани на двете страни и паднаа 40 погодоци.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивица Илиев со седум и Александар Стојменов со шест погодоци, додека кај Овче Поле се истакна Дино Динев со 11 гола.

Бисинов има 27 бода на првото место на табелата во групата Б, додека Овче Поле има седум на четвртото место и останува во трката по место во плеј-оф.