Билетите се при крај – Еурофарм Пелистер го чека полна сала во Охрид

Во дербито на 10. коло од плеј-офот во ракометната Суперлига екипата на Охрид го пречекува актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер во досегашниот дел од тековната сезона одиграа два натпревари, еден во плеј-офот и еден во Купот, на кои поуспешни беа битолчани.

На првиот дуел одигран во Битола, охриѓани покажаа дека се доста незгоден ривал и до самиот финиш беа во игра за бодовите.

Билетите за утрешното дерби се при крај, има останато уште 300 билети, а  гостинските симпатизери и навивачи ќе бидат сместени во блок А и Б, каде местата веќе се пополнети.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра утре во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.