Бикоски: Немавме среќа во финишот, но ремито го сметам како победа

Екипата на Прилеп во натпревар од 6. коло од суперлигашката конкуренција имаше шанса да ги освои бодовите против Голден Арт, но возбудливиот дуел под Марковите Кули заврши без победник, 28:28.

Еден од најдобрите поединци во составот на Прилеп, Христи Бикоски, кој во дуелот со скопскиот тим имаше 100% реализација, три гола од исто толку обиди,

,,Немавме среќа во финишот, беше борбен натпревар, гостинската екипа исто така беше мотивирана за да освои три бода, имаше голема неизвесност, ние го дадовме максимумот, сѐ што беше договорено испочитувавме, но среќата на крајот не беше на наша страна. Лично сум задоволен од екипата како одигра, колегите дадоа сѐ од себе, нема да замерувам на никого, но мислам дека требаше да победиме. Јас денешното реми го сметам како победа, бод си е бод, продолжуваме понатаму. Сега ни следи дуел со Еурофарм Пелистер, потоа гостуваме во Скопје кај Бутел, тоа ќе биде едно тешко гостување на кое ќе мора да дадеме повеќе од потребното и да се вратиме на победите”, изјави Бикоски.

Прилепчани за ривал во 7. коло го имаат шампионот Еурофарм Пелистер, потоа ги очекува гостувањето во Скопје кај Бутел.

Гошевски: Требаше да „нагазиме“ кога имавме плус четири, но се случи пад!

Глигоров: Не бевме дисциплирани во клучни моменти, среќа што на крај излезе реми!

Драма во Прилеп – двете екипи можеа да победат, но на крај освоија по бод!

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126