По 228 натпревари и 990 погодоци, австриското десно крило Роберт Вебер стави крај на настапите за репрезентацијата, игра во второлигашка конкуренција и стана полицаец.
Тој одбележа една ера на австрискиот ракомет и беше дел од националниот тим на десет големи натпреварувања од ЕП 2010 до ЕП 2024.
На последниот континентален собир беше избран во идеалниот тим, постигна 29 погодоци на седум меча.
Неговата кариера почна во Алпла Хард во 2004 година, а во 2008 се пресели во Германија, каде играше за Балинген и потоа за Магдебург десет сезони. Таму беше прв стрелец во сезоната 2014/15 и постигна 271 погодок.
Од 2019 до 2022 година играше за Нордхорн, а по шест месеци мина во грчкиот Олимпијакос и во бундеслигашот Фуксе Берлин. Од ова лето е член на швајцарскиот второлигаш Сент Гален.
Вебер го избра овој клуб затоа што е близу до границата со Австрија и градот Дорнбирн, каде што завршува курс за полициски офицер и во иднина тоа ќе му биде примарната професија.