Бeше дел од Вардар и Металург: На 44 години не мисли на пензија и направи нов трансфер

Некогашниот десен бек на Вардар и Металург, Борко Ѓорѓевиќ, направи нов трансфер и ќе има нов клуб во богата кариера.

44-годишниот Ѓорѓевиќ ќе игра за српскиот прволигаш Гоч Меркур од Врњачка Бања, каде доаѓа од Слога Петровац.

Десниот бек во Скопје играше две сезони – во Вардар настапуваше во 2009/2010, додека за Металург играше во сезоната 2006/2007. Со двете македонски екипи наастапуваше во европските купови.

Во богатата кариера има настапувано за Црвена Ѕвезда и Партизан, францускиот Данкерк, швајцарскиот Цирих, шпанскиот Арагон, португалската Мадеира, Ал Аин од ОАЕ, романскиот Караш Северин, турските Бурса и Мерзифон…

Настапуваше и за репрезентацијата на Југославија, а како капитен на младинците ја водеше селекцијата до злато на ЕП 2000.